Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), го отфрли барањето на 672 француски професионални и доброволни пожарникари против обврската за вакцинација против Ковид-19, која им е наметната со законот од 5 август 2021 година.
Судот оцени дека овие барања се надвор од опсегот на член 39 од неговите правила, што овозможува да се свика по итна постапка кога жалителите се изложени на „реален ризик од непоправлива штета“. Пожарникарите се повикаа на одредбите на Европската конвенција за човекови права кои се однесуваат на „правото на живот“ и „правото на почитување на приватниот и семејниот живот“.
Тие побараа од Судот да ја „суспендира обврската за вакцинација“ предвидена со законот од 5 август 2021 година во врска со управувањето со здравствената криза и, исто така, да ги суспендира „одредбите што предвидуваат забрана за вршење на нивната активност“ за оние меѓу нив кои „нема да ја исполнат обврската за вакцинација“, како и „прекинот на плаќањето на нивниот надомест“. Одлуката на ЕСЧП, донесена од формација од седум судии, сепак „не ги предвидува неговите последователни одлуки за допуштеност или за основаноста на предметите за кои станува збор – прецизира судот.
Во соопштение за јавноста, синдикатот на пожарникарите СУФ СДИС на почетокот на август инсистираше на фактот дека „не е против вакцината“, туку е против вакциналната обврска „многу лошо примена, вклучително и од веќе вакцинирани агенти“.
Ова е „прва европска пресуда за обврската за вакцина против Ковид-19 – напиша на Твитер адвокатот Никола Хервие, специјалист за ЕСЧП.
Сепак, Судот, со седиште во Стразбур, веќе донесе одлука за случај во врска со обврската за вакцинација, на 8 април, повикан да се изјасни од чешките родители кои одбија да ги вакцинираат своите деца против детски болести.
ЕСЧП смета дека оваа обврска може да биде „неопходна во демократско општество“. Оваа пресуда, дури и ако не се однесува на вакцинацијата против Ковид-19, се смета за неуспех за противниците на вакцините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.