Европскиот суд на правдата денеска донесе одлука според која воведувањето патарини во Германија е противзаконско бидејќи неправедно се казнуваат возачите од другите земји членки на ЕУ. Одлуката на судот, со седиште во Луксембург, значи дека Германија ќе мора да го отфрли или да го измени системот за наплата на патарини.

Германскиот предлог-закон предвидуваше сите корисници на автопатиштата да плаќаат патарини, но на германските жители да им се вратат дадените средства преку поврат на данок.

Австрија и Холандија поднесоа тужба против предлог-законот пред Европскиот суд на правдата тврдејќи дека Германија ги прекршува правилата на Унијата и ги дискриминира другите жители на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.