Некои европски земји ја разгледуваат можноста за повторно враќање на карантинот по значителното зголемување на бројот на заразени со „Ковид-19“. Велика Британија веќе ја стави Шпанија на списокот на земји со „висок ризик“. Таа побара од своите граѓани кои се на годишен одмор во Шпанија да останат во карантин 2 недели по враќањето и да не се појавуваат на своите работни места. Ваквата одлука револтираше многу Британци кои во моментов се на одмор, но британските власти најавуваат дека таква одлука може да донесе и за други земји каде што е зголемен бројот на заразени.
Властите во Франција и Германија, исто така, најавија за можен карантин. Во Франција бројот на дневни случаи повторно се зголеми над 1000. И во Германија бројот на нови случаи е загрижувачки.
Шпанскиот министер за надворешни работи изјави дека ситуацијата во оваа земја е „под контрола“ додека новите случаи се локализирани и изолирани. Меѓутоа, во Шпанија, бројот на заразени со коронавирус се зголемил во последните две недели.
Пандемијата не покажува знаци на намалување и во Соединетите Америкснаки Држави, нај загрозената земја од коронавирусот, со повеќе од 4,2 милиони заразени и 147.000 смртни случаи. Вирусот во моментов се шири во Флорида, Тексас, Калифорнија и Аризона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.