Европската унија го отфрли барањето на Велика Британија за разговори за Брегзит викендов, објавија британските медиуми. Европската комисија соопшти дека новата понуда на британскиот премиер Борис Џонсон не дава основа за финализирање на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, објави „Скај њуз“.

Разговорите за планот на Џонсон за прашањето за ирската граница нема да се одржат овој викенд, потврди портпаролката на ЕК, Наташа Берто за Скај.

Таа додаде дека на Велика Британија во понеделник ќе и биде дадена „втора шанса детално да ги презентира своите предлози“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.