Европската комисија се подготвува да предложи да се продолжи важноста на ковид сертификатот за патување во ЕУ, изјави извор од Брисел за EURACTIV.com. Според тој извор, сертификатот ќе престане да важи една година по примањето на последната доза од вакцината.

Ова значи дека на патникот ќе му треба или тест или трета доза од вакцината против Ковид.

Засега не е јасно дали предлогот на Комисијата ќе има форма на делегиран акт или препорака.

Како што е наведено за ЕУРАКТИВ, Комисијата во петок ќе го достави предлогот до Советот.

Изворот наведува дека членките на ЕУ во принцип се согласуваат со ставот на Комисијата, но дека не сакаат да прават „премногу врева поради тоа“, имајќи предвид дека некои од нив имаат голем број невакцинирани лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.