Иран мора да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година, изјави денес шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „За Иран е важно да се врати кон нуклеарниот договор. Мора да го увериме Иран дека тоа е за негов сопствен интерес. Употребата на оружјето мора да запре под итно за да се даде простор за дијалог“, изјави Фон дер Лајен.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупредува на ризикот од погрешни проценки сред глобалните тензии кои се наоѓаа на „највисоко ниво“.
„Престанете со ескалација. Бидете максимално воздржани. Повторно започнете дијалог. Обновете ја меѓународната соработка и избегнете нова војна“, порача Гутереш.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така, повика на воздржаност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.