Новиот состав на европската комисија, кој требаше денеска да стапи на функција сè уште не е комплетиран бидејќи недостасуваат уште еврокомесари.
Со тоа комисијата на Жан Клод Јункер продолжува со работа, но како техничка извршна власт во унијата. Ново избраната претседателката на комисијата Урсула Фон Дер Лајен се уште ќе мора да чека на номинација на нови кандидати за комесари од Унгарија, Франција, Романија, и евентуално Велика Британија, кои треба допрва да бидат сослушани од релевантните парламентарни комисии. Потоа, Европскиот парламент ќе треба да гласа за севкупниот состав на Европската комисија околу 25 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.