Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, потврди дека руската вакцина, „Спутник“, ќе биде анализирана како и сите други вакцини.
Одговарајќи на новинарско прашање за руската вакцина, комесарката потврди дека за оваа вакцина ќе се применуваат истите стандарди пред да се донесе одлука за нејзино одобрување.
Вакцините се проценуваат врз основа на научни докази за безбедноста и ефикасност. Откако ќе биде поднесена апликација до Европската агенција за лекови, секоја вакцина, дали е руска или друга, ќе биде проценета како која било друга вакцина и ќе биде побарано истото ниво на докази – изјави Кириакидес.
Што се однесува до унгарската иницијатива за набавка на руската вакцина, од Европската Комисија порачаа дека ова е индивидуална одлука на Будимпешта и тоа не се однесува на заедничката европска стратегија за купување вакцини.
Колективното делување во ЕУ за вакцините важи за селекцијата на вакцини со кои се склучуваат спогодби за однапред да се набават дози, тоа не ги спречува земјите членки паралелно да преговараат за други вакцини, тоа се две одделни работи – изјави портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер.
Потпретседателот на ЕК, Маргаритис Схинас, додаде дека земјите што одобруваат вакцини „на своја рака“ го прават тоа „на свој ризик“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.