Европа може да постигне колективен имунитет до 14 јули, изјави во неделата европскиот комесар за конкуренција Тиери Бретон, нагласувајќи го очекуваното зголемување на испораките на вакцини.

14 јули имаме можност да постигнеме имунитет на континентално ниво. Знаеме дека постои само едно решение за победа над оваа пандемија, а тоа е вакцинацијата. Доаѓаат вакцини. Меѓу 300 и 350 милиони дози на вакцини ќе бидат доставени од март до јуни, рече тој.

Комесарот на ЕУ Бретон рече дека испораките на вакцини во Европа се очекува да се зголемат со 60 милиони дози испорачани во март, 100 милиони во април, 120 во мај итн.

Тој рече дека 55 фабрики во Европа сега ја произведуваат вакцината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.