Повеќето европските земји повторно ги засилуваат рестриктивните мерки, како одговор на сè поголемиот број на лица зараразени од Ковид-19 и засиленото ширење на коронавирусот. Затворање на училиштата и угостителските објекти, воведвање рестрикции во движењето, делумно „заклучување“, се само дел од новите мерки низ ЕУ.
Франција воведе вонредна состојба и полициски час
Претседателот на Франција, Емануел Макрон и се обрати на јавноста по повод воведувањето на вонредната состојба. Тој рече дека секој што ќе ги прекрши воведените мерки ќе биде пронајден. Тој посочи дека повеќе нема излегувања во ресторани и собири на пријатели. Јавниот превоз нема да биде укинат.
Полицискиот час ќе биде во сила од 21 до 6 часот наутро, почнувајќи од сабота. Ќе остане на сила во наредните четири недели, рече Макрон.
Маски на отворено во Германија, рекорден број на заразени
Во Германија, во последните 24 часа, пријавени се 6.638 новоинфицирани со коронавирус, што е најголема бројка за еден ден од почетокот на пандемијата.
Поради зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус, во Германија се одржа состанок меѓу канцеларката Ангела Меркел и лидерите на провинциите, на кој се разговараше за заострување на мерките за спречување на ширење на вирусот.
Политичарите во Германија размислуваат дали да ги продолжат училишните одмори околу Божиќ и Нова година за да ја спречат заразата, иако критичарите велат дека нема докази дека училиштата се жаришта на вирусот. Многу помал број луѓе ќе можат да присуствуваат на јавен или приватен собир, рестораните ќе затвораат порано, а маските ќе се носат и на отворено.
Во Италија е потешко отколку во март
Во Италија вчера беше регистриран рекорден дневен број на нови случаи на коронавирус – 7.322, со што вкупниот број на заразени достигна 372.799 лица.
Владата на Италија издаде наредба до граѓаните дека носењето маски на отворено е задолжително во целата држава, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19.
Исто така беше одлучено да се продолжи вонредната состојба до 31 јануари.
Словенија со измени во наставата и задолжително носење на маски
Од понеделник наставата од петто одделение ќе се одржува на далечина. Од петок, ќе се воведат ограничувања на движењето помеѓу црвените статистички региони во Словенија, од кои има седум.
Во овие региони, носењето маски ќе биде задолжително насекаде, работата на одредени службени и спортски активности ќе биде ограничена, а собирањето на повеќе од десет лица ќе биде забрането.
Онлајн настава во Чешка, Русија, прекин во Северна Ирска
Чешка, европска земја со најголем број заразени лица по глава на жител, ги премести часовите онлајн и планира да испрати илјадници студенти по медицина на терен. Болниците откажуваат процедури кои не се итни за да се ослободат од креветите.
„Понекогаш сме на работ на плачење“, рече Ленка Крејчова, главната медицинска сестра во болницата „Слани“ во близина на Прага, додека општото одделение на болницата се претвора во одделение за пациенти со коронавирус.
Во Чешка, според последните податоци на Министерството за здравство, во средата повторно падна рекордот на дневно зголемување на бројот на новоинфицирани..
Вчера беа потврдени 9.544 позитивни случаи за еден ден, скоро 1.000 повеќе отколку во петокот, што беше рекорд, а починаа 35 пациенти.
Полска ја забрза обуката за медицински сестри и размислува да отвори полски воени болници.
Часовите исто така ќе се одржуваат онлајн во Москва, а Северна Ирска ќе ги затвори училиштата за 2 недели.
Холандија затворени ресторани
Холандија затвори кафулиња и ресторани, но ги остави училиштата отворени.
Дневниот број на нови инфекции во Европа е во просек 100.000, што е третина од вкупниот глобален раст на бројот на нови случаи.
Од денес поостри рестриктивни мерки и во Португалија
Во Португалија од денеска во сила се нови мерки против коронавирусот, кои особеносе однесуваат на собирањето граѓани, а поостри ќе бидат и казните за нивно непочитување.
Собиритесе ограничуваат на само пет лица. Максимум 50 лица ќе можат да присуствуваат на свадби и крштевки, а универзитетските забави ќе бидат забранети.
Казните за компаниите што нема да ги почитуваат правилата ќе бидат двојно зголемени од 5.000 евра на 10.000.
Кошта ќе му предложи на парламентот маските да бидат задолжителни на улиците каде што има голем проток на луѓе, како и да се користи апликацијата „Биди што подалеку од Ковид-19“, која „следи“ некои државни службеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.