Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји синоќа објави дека е во самоизолација откако дозна дека еден член однеговиот тим епозитивен на Ковид-19.
Вархеји на Твитер објави дека тој и членовите на неговиот тим чекаат резултати од тестирњето и оти во согласност со препораките за јавно здравје се во самоизолација.
Добро се чувствувам, немам симптоми, се тестирав и претходните недели и моите тестови беа негативни. Останете безбедни, напиша Вархеји.
Еврокомесарот Вархеји минатата недела беше во официјални посети на Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора каде го претставуваше извештајот на Европска комисија за Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.