Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, повика посериозно да се сфатат безбедносните закани што можат да произлезат од миграцијата од Авганистан.
Според мене, во однос на терористичката закана што произлегува од Авганистан … нивото на загриженост не е доволно високо. Со сигурност мора да го подигнеме – предупреди Јохансон.
Таа ја даде изјавата во Луксембург по состанокот на Советот за внатрешни работи на ЕУ.
Јохансон, исто така, ги повика земјите-членки на ЕУ да ги проверат и регистрираат сите што пристигнуваат од Авганистан. Во исто време, Јохансон изрази загриженост за „огромниот ризик Ал Каеда повторно да се појави во Авганистан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.