Околу 200 луѓе се евакуирани од местото Казарго, италијанскиот регион Ломбардија поради лизгање на земјиштето.
Италијанските пожарникари објавија фотографии на кои се гледа како тињата го прекрива Казарго, што е лоцирано над езерото Комо, префртувајќи автомобили.
Поради свлечиштето сточарите над Козарго се отсечени поради блокада на патиштата.
Лизгањето на земјиштето е предизвикано по синоќешните обилни дождови што го зафатија регионот.
За сега нема информации за евентуални човечки жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.