Европската унија започнува правни постапки против Обединетото Кралство за прекршување на членови од Договорот за повлекување, рече Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија во четвртокот.
Европската комисија и даде рок на британската влада до крајот на септември да ги повлече контраверзните одредби од нејзиниот закон за внатрешна трговија објавени претходно истиот месец.
Комисијата утринава одлучи да испрати формално писмо до Владата на Обединетото Кралство. Ова е прв чекор кон постапка против повреда на правата. Писмото ја повикува владта на Обединетото Кралство да ги испрати своите забелешки во рок од еден месец, изјави Фон дер Лајен.
Мишел Барни од ЕУ и Дејвид Фрост од Велика Британија во моментов ја одржуваат деветата рунда преговори за Брегзит во надеж дека ќе постигнат договор пред крајот на преодниот рок.
Минатиот месец владата на Велика Британија призна дека во обидот да го препише нејзиниот договор за разделба ЕУ го прекршила меѓународното право.
Предложениот нацрт-закон на премиерот Борис Џонсон не занемарува дел од договорот што тој го потпиша уште во јануари. Делот од предметниот договор се однесува на трговијата меѓу Ирска и Велика Британија.
ЕУ претходно предупреди дека потегот од владата на Велика Британија може да има сериозни последици, а во четвртокот тие реперкусии отидоа чекор поблиску до тоа да станат реалност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.