Европската комисија објави дека вовела царини за производи од алуминиум од Кина, во време кога се води истрагата дали земјата ги продавала по неправедно ниски цени.
Надоместоците ќе се движат од 30,4% до 48,0%. Тие ќе бидат привремени, што значи дека може да бидат отстранети откако ќе заврши истрагата, побарана од Европскиот алуминиум.
На почетокот на овој месец, Европската комисија воведе нови анти-дампинг-давачки за увоз на топло валани калеми и лимови од не’рѓосувачки челик од Кина, Тајван и Индонезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.