Веќе следниот месец може да се очекува руската вакцина „Спутник V“ да биде одобрена за употреба во ЕУ, изјави денеска директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

-Ги поднесовме документите до Европската медицинска асоцијација, која е европски регулатор. Процесот на преглед може да трае во февруари и почетокот на март, рече Дмитриев во интервју за телевизијата „Русија 1 “.

Угледно научно списание „Лансет“ вчера објави дека „Спутник  V“ е безбедна и ефикасна вакцина што обезбедува целосна заштита од тешки случаи на Ковид-19. По повеќемесечно истражување на руските имунолози, во кое учествувале 19.866 волонтери, третата фаза на клиничките испитувања е завршена со што се потврди ефикасноста на вакцината од 91,6 проценти.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска ја поздрави високата ефикасност на руската вакцина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.