Европската Унија ќе почне програма за проучување на мутациите на корона вирусот и производство на вакцини од „втора генерација“ коишто ќе штитат од идни мутации.
Програмата „ХЕРА инкубатор“, што се очекува да почне денеска, ќе ги обедини фармацевтската индустрија, лабораториите, здравствените власти и истражувачите. Вирусот се развива и ќе продолжи да мутира. Важно е да се подготвиме за мутациите – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за францускиот дневен весник „Лес Ехос“.
Од земјите-членки ќе биде побарано да придонесат со дополнително финансирање, со цел ЕУ да може да ги адаптира и промени договорите потпишани со фармацевтски компании и да обезбеди дози против идните мутации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.