Земјите на Европската унија, Велика Британија и партнерите од ЕУ се согласија за нацрт-план за вакцинација против Ковид-19 за најмалку 40 проценти од нејзините жители.
Целта на ЕУ за почетна вакцинација е двојно поголема од целта на Светската здравствена организација, која предвидува вакцинирање на 20 проценти од светската популација кои припаѓаат на најранливите групи, и оценува дека со тоа се намалува достапноста до вакцините за помалку развиените земји.
Сите засега познати ризични групи веројатно ќе опфатат 40 проценти од населението, во зависност од демографската состојба во земјите, се вели во документот усвоен од здравствените експерти од земјите-членки на ЕУ на крајот на јули, како и Велика Британија, Швајцарија, Норвешка и Балканот.
Во документот се наведува дека повеќе од 200 милиони жители на ЕУ припаѓаат на „приоритетните групи“, меѓу кои има луѓе со хронични заболувања, стари лица и здравствени работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.