Европската Агенција за безбедност на авиосообраќајот (ЕАСА) ги предупреди земјите членки да ги избегнат комерцијалните летови во воздушниот простор на Иран.
Агенцијата за безбедност на воздухопловство ги контактираше надлежните за авиосообраќајот во земјите членки на ЕУ и како мерка за претпазливост препорача избегнување комерцијални летови над иранскиот воздушен простор – изјави портпаролот на ЕК, Стефан де Керсмекер.
Брисел сепак наведува дека одлуката за суспендирање на комерцијалните летови на европските авиокомпании, првично е во рацете на националните власти на земјите членки.
Некои земји членки на ЕУ веќе имаат издадено таква препорака до своите национални авиопревозници.
Германската „Луфтханза“ и францускиот „Ер Франс“ ги откажаа летовите на неопределено време над воздушните простори на Иран и Ирак поради зголемените тензии во регионот.
ЕУ најави и вонредна седница на ЕАСА, која утре треба да ги процени ризиците и да донесе одлука за заеднички безбедносни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.