Европската комисија планира на 18-ти мај да одобри план за штедење на енергијата  кој ќе се однесува на можен нанедеен прекин на испораките на рускиот природен гас, пишува во неделата тиражниот шпански дневен весник El Pais.

Според сознанијата на весникот, Брисел предупредува дека во случај ја воредна состојба мерките ќе ги погодат речиси сите партнери во ЕУ, бидејќи оние кои имаат други правци на снабдување, како што е Шпанија, ќе мора да ги споделуваат своите резерви од гас со земјите членки коишто би биле погодени од наглиот прекин на испораките на енергенсот од Русија.

Европските власти, се додава во написот, ќе бараат и енергетско рационализирање, кое ќе започне со индустрискиот сектор, така што компаниите во помалку погодените земји не би имале конкуретна предност во однос на оние во позасегнатите држави.

Во написот на El Pais се наведува дека Брисел ќе ја искористи регулативата за безбедност на испораките, којашто е на сила од 2017 година, за воведување мерки кои ќе гарантираат доволен пристап до гасот на одредени корисници, како што се домаќинствата и основните социјални услуги, во сите земји членки и ублажување на последиците од можната вонредна ситуација.

Според прописите на ЕУ, секоја засегната земја членка може да воведе свои правила за рационализирање. Исто така, земјите кои имаат проблеми со снабдувањето ќе можат да се повикаат на клаузулата за солидарност, што ќе ги принуди соседните дражави да им помогнат.

Прогласувањето вонредна ситуација која влијае на неколку членки или на целата Унија одеднаш, е во надлежност на Европската комисија. Според прогнозите, во случај на целосен прекин на испораките на рускиот гас, мерките предвидени со регулативата ќе треба да ги преземат речиси сите земји членки на ЕУ.

Во некои земји затоа што прекинот (на испораките) директно ќе влијае врз нив. А во другите затоа што ќе бидат принудени да ја намалат потрошувачката на индустријата за да им помогнат на своите соседи“, ги цитира весникот своите неименувани извори од Брисел.

Во тој случај Брисел би бил одговорен за проверки дали одредбата за солидарност се применува и дека ниедна земја членка не ги нарушува своите обврски за поддршка на другите членки на блокот. Доколку се појават проблеми со снабдувањето, првите мерки би биле доброволни и би биле насочени кон намалувањето на потрошувачката во индустрискиот сектор.

Во написот се потсетува дека ЕУ започна со барањето алтернативни правци за испораките на потребните количества енергенси. Сепак, во Брисел признаваат дека на кус рок е речиси невозможно да се замени руската понуда на енергенси од годинава, особено на пазарот на гас. Во своите пресметки, пак, Комисијата смета дека може да бидат замените две третини од вкупно 155 милијарди кубни метри гас кои годишнот доаѓаат од руските извори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.