Од денес се применуваат нови правила во рамките на ЕУ во однос на прекуграничните плаќања во евра.
Провизиите за уплати во евра во земјите членки што не се во еврозоната ќе бидат намалени и ќе бидат пресметани како домашни уплати, соопшти Европската комисија.
Новите правила на ЕУ овозможуваат сите прекугранични уплати во евра во Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Унгарија, Полска, Романија, Шведска, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн да се пресметаат по тарифата што се применува за домашните уплати.
Комисијата наведува како пример дека доколку родителите од Романија, земја членка која не е во еврозоната, сакаат да испратат евра на дете кое студира во Париз, тие ќе ја платат трансакцијата по тарифа предвидена за домашни трансакции во Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.