На амерканските државјани од 2021 година ќе им треба виза за да патуваат во земјите од Шенгенската зона, соопштено е денеска од Европската унија.

Врз основа на новиот Европски систем за информации и одобрување на патувања (ЕТИАС) од 2021 година ќе биде потребна виза за граѓаните на САД за влез во која било од 26 земји-членки на Шенгенскиот договор.

Во соопштeнито од ЕУ е истакната дека новите регулативи се воведуваат за да се избегнат новите проблеми со илегалната миграција и тероризмот и дека по добивањето на ЕТИАС визата, таа ќе трае 3 години.

ЕТИАС визата за Американци овозможува повеќе влегувања со малку рестрикција како би се унапредил туризмот, а при тоа се одржува и високото ниво на меѓународната безбедност, се наповенува во соопштението.

На поголем дел од државјаните на ЕУ кои патуваат во САД не и е потребна виза, нотоа не важи и за жителите на Полска, Кипар, Романија, Хрватска и Бугарија.

Инаку, Шенгенската област е составена од 26 држави меѓу кои непостојат интерни граници, што на граѓаните им овозможува слободно патување.

Во моментот на граѓаните на САД не им е потребна виза за влез во Европа ако остануваат помалку од 90 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.