Европската комисија соопшти дека од утре Ковид сертификатите помеѓу ЕУ и Швајцарија ќе се сметаат за еквивалентни.

Со ова граѓаните на ЕУ и на Швајцарија ќе можат под исти услови да ја поминуваат границата доколку приложат сертификат кој содржи доказ за вакцинација, негативен тест или прележана болест.

Швајцарија со ова станува првата земја вон ЕУ со интероперабилен сертификат со земјите на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.