Високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел на Твитер објави дека потпишал договор за соработка со саудискиот министер за надворешни работи Фејсал Бин Фархан за зајакнување на врските преку редовни политички, социо-економски и други консултации.
Првиот дијалог за човекови права оваа недела покажува позитивна динамика во нашето партнерство – објави Борел за состанокот во саудиската престолнина Ријад.
Во рамките на своето прво патување во регионот на Персискиот Залив, Борел замина за Саудиска Арабија по посетата на Катар и Обединетите Арапски Емирати.
Борел додаде дека ЕУ е подготвена да склучи трговски договори со земјите од Заливот, велејќи дека Унијата ја поддржува иницијативата за модернизација на Саудиска Арабија.
Брисел изрази надеж дека дијалогот ќе доведе до „вистински резултати“ во однос на почитувањето на човековите права во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.