ЕУ соопшти дека е подготвена да почне преговори со Велика Британија во однос на Гибралтар, британска прекуморска територија сместена на јужниот дел од Пиринејскиот Полуостров.
Европскиот совет, кој ги претставува 27. земји-членки на ЕУ, објави дека преговарачката позиција на блокот е усвоена и дека Европската комисија сега може да почне преговори.
Целта на преговорите е да се постигне широк и избалансиран договор помеѓу ЕУ и Обединетото кралство за Гибралтар, со оглед на специфичната географска положба и специфичностите на Гибралтар – се наведува во соопштението.
Гибралтар не беше вклучен во трговскиот договор ЕУ-Велика Британија кон крајот на минатата година, кој ги поставува основите на нивната врска и механизмите за решавање спорови.
Жителите на Гибралтар со мнозинство гласови се изјаснија против Брегзит. Тие сега се соочуваат со големи проблеми бидејќи нивната мала територија, економски зависна од Шпанија, е принудена да се справи со последиците.
Официјални лица во Гибралтар и британската влада се скептични во врска со преговарачкиот мандат на ЕУ што го претстави Комисијата во јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.