Европската Унија ја предупреди британската Влада дека секоја „еднострана“ мерка за трговски аранжмани во Cеверна Ирска по Брегзит ќе биде проследена со „брза и цврста“ реакција.

Доколку Велика Британија преземе понатамошни еднострани чекори во следните недели, не би се двоумеле да реагираме брзо, цврсто и одлучно – изјави потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович, по неуспешниот состанок во Лондон.

Лондон и Брисел се обидуваат да постигнат договор за „протокол за Cеверна Ирска“, за кој се преговараше во рамки на повлекувањето на Велика Британија од членството во ЕУ.

Според протоколот, што стапи на сила на 1 јануари, кога Велика Британија ја напушти ЕУ, Cеверна Ирска се уште е во рамки на единствениот европски пазар и царинската унија на стоки што пристигнуваат во Cеверна Ирска од остатокот на Велика Британија .

Целта на тој протокол е да се избегне физичката граница помеѓу Cеверна Ирска и Република Ирска. Локалните власти во Cеврна Ирска се повеќе изразуваат незадоволство од тој протокол со осуда за де факто воведувањето граница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.