Европските дипломати ги поздравија „чистите“ изборни резултати кои, се чини, се пресудни за победата на британските конзервативци, што, пак, земјата ја донесоа до прашањето за излез од ЕУ, но додаваат и дека ќе биде предизвик за трговскиот договор до крајот на 2020 година.
Британските конзервативци, веќе се знае, освоија 358 мандати во 650-члениот британски Парламент, наспроти 203 мандати за ривалските лабуристи, што има прави комотно мнозинство за сите овие чекори што земјата ја чекаат.
Тоа што синоќа стана сигурно е што дојде до појаснување, изјави француската министерка за европски работи Амели де Моншталан, пренесуваат британските медиуми.
Таа кажа дека лидерите на ЕУ сега ќе разговараат за мандатот за преговарање за идните односи со Велика Британија по планираното излегување на земјата од Унијата на крајот на јануари.
Најважната работа со Брегзит не е начинот на кој се разделуваме, туку тоа што ќе градиме потоа, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.