Европската комисија соопшти дека е склучен договор со компаниите „БиоНТех“ и „Фајзер“ за испорака на дополнителни десет милиони дози за второто тримесечие од оваа година.

Претседателката на ЕК, преку писмена декларација го поздрави овој договор во време кога голем број европски земји го суспендираат вакцинирањето со вакцините на „АстраЗенека“, а ЕУ се соочува со проблеми со испораката на вакцини.

Знам колку е клучен вториот триместар за развојот на нашите стратегии за вакцинација во земјите членки. Овие антиципирани десет милиони дози значат вкупно 200 милиони дози во целост. Ова е многу добра вест – порача претседателкатана ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Од Комисијата објаснуваат дека овие дози се земаат од опционалните сто милиони дози договорени со „Фајзер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.