Централната влада на Етиопија денеска прогласи вонред на состојба на национално ниво што ќе важи во следните шест месеци, откако Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) последните денови имаше успешни територијални настапувања, јави ДПА.

Вонредната состојба, меѓудругото, овозможува воспоставување блокади на патиштата, откажувања на транспортните услуги, воведување полициски час и преземање на власта од страна на војската во одредени области, наведува Советот на министри.

Според овие мерки, секој осомничен за поврзаност со терористички групи, исто така, може да биде приведен без судски налог, пренесува ДПА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.