Вулканот на планината Мерапи, на индонезискиот остров Јава, еруптирал рано утринава, исфрлајќи облаци чад.
Според Националната геолошка агенција, мешавина од жешка лава, пепел и гасови, попознати како пирокластични текови, патувале до 2.000 метри на југозападната падина на вулканот.
Нивото на тревога на вулканот останало на второ, највисоко ниво, што беше прогласнео од почетокот на повремените ерупции во ноември минатата година.
При последната смртоносна ерупција во 2010 година, повеќе од 340 лица загинаа, а 60.000 други беа раселени.
Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област позната по сеизмички потреси и со околу 128 активни вулкани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.