Ерменските власти ја повикаа Русија да ја заштити суверената територија на земјата од нападите на азербејџанските трупи.
Со оглед на тоа што беше извршен напад на суверена територија на Ерменија, според договорот од 1997 година, ја повикуваме Руската Федерација да го заштити територијалниот интегритет на Ерменија. Во моментов се подготвува и писмено барање – изјави секретарот на Советот за безбедност на Ерменија Армен Григорјан за државната телевизија.
Григорјан истакна дека официјален Ереван се потпира на Москва да обезбеди доволно воена помош доколку преговорите со Баку не успеат.
Во ноември, ситуацијата во Карабах и пограничните региони на Сјуникската област во Ерменија нагло се заостри. Двете страни редовно известуваат за вооружени инциденти, вклучувајќи и жртви.
На 13 ноември, Ереван и Баку меѓусебно се обвинија за гранатирање воени позиции. Тензии избувнаа и во областите што ја поврзуваат Ерменија со Иран, кои по 9 ноември 2020 година потпаднаа под контрола на Баку и каде што беа распоредени руски гранични патроли за да обезбедат непречено движење на луѓе и возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.