Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четврток ќе престојува во еднодневна посета на Русија, во услови на зголемени тензии меѓу Анкара и Москва поради ескалацијата на судирите со сириските владини сили во Идлиб, објави денеска турското претседателство.

Се очекува Ердоган да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, откако 33 турски војници беа убиени во воздушните напади во Сирија, Идлиб, минатата недела. Турција одговори со контранапади врз сириската влада, поддржана од Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.