Смртта на водачот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади претставува пресвртница во заедничката борба против тероризмот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган на Твитер објави дека Турција платила висока цена во борбата против тероризмот, вклучително и онаа против курдските борци од Сириските национални одбранбени сили.
Убеден сум дека одлучната борба против тероризмот ќе донесе мир за целото човештво- рече Ердоган. Тој додаде дека Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите за борба против тероризмот.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека Ал Багдади е мртов. Трамп додаде дека 15 минути по смртта на Ал Багдади, бил направен ДНК-тест за да се потврди неговиот идентитет.Според Трамп, Ал Багдади бил следен неколку недели и операцијата ја спровеле САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.