Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се закани со воена операција на североисток во Сирија, во случај Турција да не ја добие контролата на „зоната за безбедност“.
Нејзиното воспоставување е договорено меѓу Анкара и Вашингтон.
– Немаме многу време ни трпение за зона за безбедност. Ако следната недела нашите војници навистина не почнат да го контролираат тоа подрачје, нема да имаме избор да ги примениме своите оперативни воени планови – рече Ердгоан.
Турција инсистира на тоа, во соработка со САД, да ја контролираат зоната која се протега и до 40 километри длабоко во територијата на Сирија, а опфаќа простор источно реката Еуфрат до границата со Ирак.
Анкара сака таа погранична област да биде исчистена од силите на Курдите и неколку пати се закани дека ќе почне нова операција во Сирија портив тие единици, ако во таа област не биде воспоставена безбедна зона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.