Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача синоќа, во првото јавно обраќање по поразот на кандидатот на неговата партија на изборите за градоначалник на Истанбул, дека ќе извлече поуки од пораката што ја испрати народот.
Го немаме тој луксуз да се правиме глуви и да ги игнорираме пораките на народот – им кажа Ердоган на пратениците од Партијата на правдата и развојот (АКП), пренесува Асошиејтед прес.
Ердоган повторно му честиташе на опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу, кој на изборите во неделата освои 54 отсто од гласовите на жителите на најголемиот турски град.
Тој најави дека владејачката партија детално ќе го разгледа изборниот неуспех и грешките кои ќе се обиде да ги поправи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.