Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека никакви прикриени, ниту отворени закани со санкции, не можат да ја одвратат Турција од нејзината борба за вистината и легитимните интереси на нејзиниот народ, јави агенцијата Анадолија.
Во пораката на Ердоган по повод 96-годишнината од потпишувањето на Мировниот договор од Лозана, со кој Република Турција ги доби денешните граници, Ердоган истакнува дека истовремено се одбележува и јубилејната 100-та годишнина од почетокот на борбата за независност на земјата.
Лозанскиот договор е документ за независност на Турција, што е извојувана со борбата против најсилните војски на светот. Токму како и пред 100 години, Турција и денес е способна и одлучна да ја брани својата независност, опстанок, мир и безбедност на своите граѓани – порача Ердоган.
Тој додаде дека Турција со последните потези и активности во Источен Медитеран и на северниот дел на Сирија јасно ја покажала својата определеност и одлучност во борбата за правата и интересите на својот народ и кипарските Турци.
Никакви прикриени, ниту отворени закани со санкции, нема да ја одвратат Турција од нејзината борба за правда, порача Ердоган и оддаде чест на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, и на сите шехиди и борци за турска независност – информира Анадолија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.