Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави подобрување на односите со САД и ги повика големите американски корпорации повеќе да соработуваат со Турција.

Ердоган истакнува дека се надева оти најавената средба со американскиот претседател Џо Бајден ќе овозможи отворање на нова ера во односите меѓу Анкара и Вашингтон, што се многу тензични од 2016 година.

Убеден сум дека состанокот со Бајден на Самитот на НАТО на 14 јуни ќе биде најава за нова ера во нашите односи – истакнал Ердоган на видео-конференција со директори на американски компании.

На состанокот, на кој присуствуваа директорите на Боинг, Амазон, Мајкрософт, Пепси, Циско, Проктор и Гембл и Џонсон и Џонсон, Ердоган им се заблагодарил на компаниите што веруваат во Турција и додал дека очекува САД да бидат поконструктивни во таа соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.