Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во одговор до американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе бидат спасени уште повеќе животи кога ќе се победи тероризмот, јави агенцијата Анадолија.
Господине претседателе, ќе бидат спасени повеќе животи кога ќе го победиме тероризмот, најголемиот непријател на човештвото, напиша Ердоган на Твитер, додавајќи дека напорите кои ги преземаат САД и Турција ќе придонесат за мирот во регионот.
Сигурен сум дека нашите заеднички напори ќе придонесат кон мирот и стабилноста во нашиот регион, наведе турскиот претседател.
Како што потсетува Анадолија, Трамп претходно на Твитер напиша: „Имаме убави вести од Турција, ќе бидат спасени милиони животи”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.