Во сојузната држава Њујорк и уште неколку други е прогласена вонредна состојба поради најголемата епидемија на морбили во последните неколку децении.

Епидемија на мали сипаници е регистрирана во Калифорнија, Илиноис, Тексас и во Вашингтон, според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција.

Во областа Рокланд, држава Њујорк, издадена е забрана во наредните 30 дена за движење на јавни места за сите малолетници кои не се вакцинирани.

САД се базата за антиваксерите кои пропагираат невакцинирање.

Последните неколку години здравствените власти се борат со големи епидемии поради негативната кампања за вакцинирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.