Европскиот парламент предложи нов план за помош на болниците во Европа во борбата против коронавирусот.
Претседателот на ЕП, Давид Сасоли изјави денеска дека сите европски држави ќе добијат помош за своите здравствени системи.
Тоа вклучува обезбедување материјали за болниците и финансирање на истражувањата со цел да се развие вакцина против Ковид-19 колку е можно побрзо.
Сасоли најави и финансиска помош за одржување на работните места и стабилноста на економиите во државите. За економските прашања, ЕУ обезбеди најмалку 37 милијарди евра за своите членки
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.