Џо Бајден ќе го номинира искусниот дипломат Ентони Блинкен за нов државен секретар. Блинкен е долгогодишен близок соработник на Бајден, кој беше втор човек во Стејт департментот и заменик советник за национална безбедност во администрацијата на Барак Обама.
Очекуваата во американските медиуми се ова да биде официјално соопштено утре, кога Бајден планира да објави дел од имињата од својот тим.
Друг близок соработник на Бајден, Џејк Саливан, е главен кандидат за функцијата советник за национална безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.