Њујорк треба да го чува споменикот на Кристофер Колумбо, и покрај неговата улога во насилната колонизација на домородците, изјави гувернерот Ендру Куомо.

Ги разбирам чувствата за Кристофер Колумбо и некои негови дела што никој не би ги поддржувал. Но, статуата претставува и означува почитување на италијанско-американскиот придонес за Њујорк, рече Куомо, кој е потомок на италијански мигранти.

Антирасистички немири по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во полициска акција ја обновија кампањата за отстранување споменици на Конфедерацијата и други симболи од колонијалната ера, јавуваат американските медиуми.

Споменици на Колумбо беа уништени на неколку локации во САД во изминатите денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.