Европската агенција за лекови (ЕМА) во понеделник ќе одлучи дали ќе ја одобри употребата на третата доза од вакцината на „Фајзер“, но не се очекува да даде прецизни упатства за тоа кој треба да ја прими, пренесува Ројтерс според внатрешен документ во кој имаше увид во изјавите на двајца службеници на ЕУ.

Доколку ЕМА препорача засилувачка доза на вакцината, Европската унија ќе им се придружи на САД, Велика Британија и Израел, кои веќе дадоа зелено светло за употреба.

„ЕМА ќе даде мислење на 4 октомври за потребата од трета доза вакцина Фајзер“, рече претседателот на ЕМА Емер Кук пред пратениците на ЕУ на внатрешниот состанок вчера, според извештајот до кој Ројтерс имаше пристап.

Двајца претставници на ЕУ, запознаени со процесите на донесување одлуки на ЕМА, рекоа дека одлуката следната недела ќе се фокусира на зајакнување на безбедноста и ефикасноста и дека ќе биде од општа природа, што значи дека нема точно да прецизира која возраст или ризични групи треба да ја добијат третата доза..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.