Потребни се две дози на вакцина за заштита од Делта варијанта на коронавирусот, соопшти денеска Европската агенција за лекови (ЕМА).
Европскиот регулатор исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта Делта забрзано се шири низ целиот свет.
Според првичните податоци, потребни се две дози вакцина против Ковид-19 за соодветна заштита од варијантата Делта, се вели во соопштението на ЕМА.
Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучен за постигнување на највисоко ниво на заштита, додава ЕМА, која препорачува употреба на две дози на Фајзер/Бионтек, Модерна или Астра Зенека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Comments are closed for this post.