Европската агенција за лекови (ЕМА) соошти дека трета односно „бустер“ доза од вакцините против Ковид-19, изработени и произведени од „Фајзер/Бионтек“ и од „Модерна“, може да се аплицира на луѓе со ослабен имунитет, веќе 28 денови по примањето на втората доза.
Препораката е дадена по анализи кои покажале дека т.н. „бустер“ доза ја зголемува способноста да се произведат антитела кај пациенти со трансплантирани органи со ослабен имунолошки систем.
Агенцијата исто така нагласува дека Европејците на возраст од 18 до 55 години, со нормален имунолошки систем би требало да примат трета доза од вакцините најмалку шест месеци по втората доза.
Според ЕМА, важно е да се прави разлика меѓу дополнителната доза за лица со ослабен имунитет и „бустер“ доза за лица со нормален имунолошки систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.