Воени претставници на Иран соопштија дека експлозијата што се случи на дваесетина километри од нуклеарниот комплекс Чахид Ахмади-Рочан, била предизвикана од тест на противвоздушната одбрана во регионот Натанц во централен Иран.

Беше тестиран еден од регионалните ракетни системи за да се процени подготвеноста на теренот и нема причина за страв – изјави командантот на противвоздушната одбрана од регионот Натанц на државната телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.