Дваесет и деветгодишна Ана Б. од Велика Плана, Србија, смртно настрада во експлозија во станбена зграда во Виена. За време на експлозијата таа во станот била со своите два сина.

Во моментот на екплозијата помладото момче било во тоалет, додека неговиот постар брат во дневната соба. Тој веднаш истрчал кон тоалетот за да го спаси својот брат.

Србинката била во детската соба, каде детонацијата ја фрлила на земја, а тешки парчиња од урнатата зграда ја поклопиле. Нејзиниот сопруг во моментот бил на работа.

Причината за есплозијата била гас, а во станбениот блок имало 22 станови. Загинат е уште еден маж чиј идентитет сè уште е непознат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.