Најмалку петмина се повредени при експлозија во Стокхолм, соопшти шведската полиција.
Како што се наведува, најмалку две лица се префрлени во болница.
Експлозијата се случила во индустриската зона и оштетени се неколку згради. Портпаролот на полицијата, Фредрик Андерсон, рече дека ова подрачје е затворено и дека е започната истрага. Андерсон додаде дека за сега полицијата не може да ја наведе причината за инцидентот и дека ќе се спроведе истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.