Во поширокито центар на Минхен, недалеку од мостот Донерсбергербрике во близина на главната железничка станица се случила експлозија на авионска бомба од Втората светска војна.

Во експлозијата се повредени три лица, од кои едно е тешко повредено.

Во моментов нема докази за криминални активности. Според првичните информации три лица се повредени, опасната област е претежно оградена, а железничкиот сообраќај е блокиран на главната траса. Нема опасност надвор од непосредната област – изјави портпаролот на градската полиција Питер Вертман.

„Дојче бан“ објави дека железничкиот сообраќај до и од главната железничка станица во Минхен е прекинат.

Секоја година во Германија се откриваат повеќе од 2.000 тони активни бомби и муниција, иако од крајот на Втората светска војна поминаа повеќе од 70 години.

За време на финалната офанзива за пораз на Германија, британски и американски воени авиони ја преплавија земјата со 1,5 милиони тони бомби кои убија 600.000 луѓе. Официјални лица проценуваат дека 15 отсто од бомбите не експлодирале, а некои се закопани на длабочина од шест метри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.