Осум лица, меѓу кои седум деца, се повредени во експлозија во манастирот Серпухов кај Москва, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извор од полицијата.

Експлозијата се случила кога машко лице активирало рачно изработен експлозив во близина на манастирот. Експлозијата се случила на влезот на православната гимназија, која се наоѓа во рамките на манастирот.

Напаѓачот е повреден и хоспитализиран. Учениците и професорите се евакуирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.